До пред некој ден читав „Неочекуваниот гостин“-Агата Кристи,сега „Само најсекси маж кој постои“-Џули Џејмс.
Чичко Горио - Оноре де Балзак (по втор пат), сакам да се потсетам на средношколските денови во овие за мене носталгички зимски денови
Уф, од кога ме немало по темиве. Заглавив на Втора шанса од Џејн Грин, секогаш така кога ќе заглавам на некоја книга, досадна ми е, а не сакам да ја оставам недочитана и престанувам со читање. Арно ама, го дочитав крајот, ништо посебно книгата и редно е да си продолжам понатаму, на крај краева имам 500 книги во виртуелната библиотеката, не вреди на една книга што ми е досадна да си го губам времето. И решив да се размрдам со нешто авантуристичко и криминалистичко. Продолжувам со James Rollins - Sandstorm, првата книга од серијалот SIGMA Force, морам да кажам дека почетокот е ветувачки, а и ја имам читано втората книга, Мапа од коски, па знам дека има што да се очекува од авторот.
Пред една недела ја дочитав „Исповедта на една акушерка“... Преубава книга, интригантна приказна и стварно не можев да ја оставам до последната страница. Нема да ви кажам ништо за неа, само топло ви ја препорачувам за тие шо ја немате прочитано. Околу 400страници е ама се чита у еден здив.