„ Бојата на пурпурот“ од Алис Вокер. Сакав да ја прочитам прво книгата, пред да ја изгледам легендарната филмска адаптација на Спилберг. Се надевам ќе даде, онолку колку што ветува една книга наградена со Пулицеровата награда. Останува да ја прочитам, па да видиме.
Into the darkest corner - Elizabeth Haynes Книгава не можам да ја оставам, сабајле до 5 ја читав, а денес морам да ја завршам. Ја видов на сакамкниги и одма ме заинтересира. http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=58
Последниот воз за Истанбул-Ајше Кулин. До 8ма страна,ама тешко ме влече за понатаму,се надевам ќе биде поинтересна.
A dance with dragons - George R. R. Martin И конечно почнувам со 5тиот дел од A song of ice and fire. Прво малку разлистување низ претходните книги, иако има многу работи што сум ги заборавила, па верувам дека често ќе се навраќам и на нив. Се радувам на книгава ептен.
Копилето од Истанбул-Елиф Шафак Сношти ја почнав и морам да признаам дека досега ги голтнав страниците ..ми се допаѓа.. :up:
Само што ја завршив Роза за Балерината и можам само добри критики да дадам за книгава иако на почетокот мислев дека ќе биде досадна.И уште нешто, за тие што имаат намера да ја читаат книгава а се сентиментални ( како мене ) кога ќе дојдат при крај нека си земат палома
Принцезата Султана - обожавам книги во кои што е опишана муслиманската вероисповед нивните обичаи и како жената била третирана