Никогаш не оставај ме од Казуо Ишигуро. Книга според која е снимен омилениот мој филм. Мора да е прекрасна..
Разговор со Спиноза - Гоце Симоновски Сеуште сум на почеток, но ми се допаѓа, се надевам дека нема да ме разочара до крај..
Внимавај што посакуваш ,можеби ќе ти се оствари-по втор пат. Паралелно ,во еден здив одсабајле-Кој го здипли моето сиренце-оваа по 100ти пат. Оваа ми е најдрагата книга,подарок од татко ми.Затоа,секогаш кога сум тажна ја читам...... Потоа Подарок-исто од Спенсер Џонсон. Малку мотивација,ги препорачувам книгите.
Во слава на маќеата - Марио Варгас Љоса Нека сум ограничена или не знам што,ама ова реализмов..........ич не ми е по вкус.