^ Ќе бидам оф ама ќе ти одговорам. Се работи за девојка - Оден која што од мали години ги трпи расправиите на нејзините родители. Таа останува да живее со нејзината мајка, а нејзиниот татко се жени со нова жена - Хајди. Нејзиниот брат постојано патува во различни држави, и не го гледаат постојано... ама се јавува за да ги извести. Еден распуст девојката заминува во куќата кај нејзиниот татко и маќеата. Таму поминува извесен период со Хајди, таткото и нејзината полусестра - бебе. Се запознава со различни луѓе, доживува авантури... тука се запознава и со момче Илај што претрпел трагедија и има несоница како и Оден. Го поминуваат времето заедно... Натаму ќе те оставам сама да откриеш, доколку одлучиш да ја читаш. Мене ми е онака, релаксирачка... на поклон ми е дадена, па греота е да не ја читам.
„Последната песна“ - Николас Спаркс Го гледав филмот (уште кога излезе ) и ми се допадна, а деновиве сестра ми ја собрала од некоја другарка и како за прва книга по напорно поминат семестар мислам дека добро ќе ми дојде
Мајката на оризот од Рани Маника. Книга која ја добив на подарок, уште сум на почетокот. Се работи за индиско девојче и нејзиниот живот од најраните денови.
Принцезата Султана ова е првиот дел иначе 3 дела се.Се заинтересирав за книгава веќе при крај сум.Се надевам дека ќе ми се допаднат и останатите 2 дела од книгата.
Dash&Lily's book of dares-Rachel Cohn & David Levithan Многу поразлична книга од останатите, ме збуни уште со почетоков.
Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма СЕ ПРОСВЕТЛИВ ДА ВИ КАЖАМ како си фатив од 1ви годинава да ја читам осеќам оваа ке е убава година
Мадам Тисо - Мишел Моран. Патем каква е натака книгава (нека кажат тие што ја имаат читано) , на почетоков досадна ми изгледа