Goodngiht, beautiful Продолжувам со Дороти Кумсон, стилот на пишување и е страшно добар, една реченица нема што е излишна или не е на место.
Актерот од Братислав Ташковски. И уживам, страшно добра книга, во Матица е само 190 ден. во моментов на попуст, побрзајте, сите кои сметате дека е интригантно парче историја ликот и делото на Ристо Шишков.
гијом мисо -дали ме чекаш што да кажам до пола сум ама со сила ја тушкам ништо во неа не ми се допаѓа плус страшно изреволтирана од преводот на ништо не личи, грешки кои не треба да ги има, зборови кои не постојат во македонскиот јазик алооо кој дозволил да излезе преводов?
Хммм, оваа тема има дупло повеќе страници од Последна прочитана книга. Или ве мрзи да чкртнете некој збор повеќе за книгата, или туку така само шлапате наслови овде демек да изгледа дека читате. За една половина сум сигурна дека го прави тоа. Нема везе. да си се вратам на темата. Ќе почнам со послдната книга што ја имам од Дороти Кумсон, The Woman He Loved Before. Знам веќе што да очекувам, приказна полна со пресврти што ќе ја паметам долго по читањето.
^ Чекам рецензија за оваа, ја има и во Матица, преведена на македонски, баш сега за време на попустите ја видов.