Малку ме затресе почетокот ама се навикнав веќе на стилот Никогаш досега не сум читала вакви интимни романчиња, и да ги имало биле пишувани со повеќе метафори.
Хобитон - Џ. Р. Р. Толкин. Почнав денес така да немам многу прочитано. Ја имам и играта, преубава е .
Моментално сум на трилериве,поточно Десеттиот случај-Џозеф Телер. Мене една продавачка од Матица цело лето ми ја нуди и ме убедува да ја купам и дури пред некој ден решив навистина да ја купам.Наскоро ќе ја почнам само сега да ја дочитам Десеттиот случај. Ама си се подновив со 5 нови книги пред некој ден па незнам која попрво да ја земам в раце. Помош???? Рингишпил,Ловци на глави,Загубената ќерка,Бели ноќи,Италијанска авантура????
Моментално ја читам Двојничка - Тес Геритсен. Одличен вовед во книгата, се надевам нема да се разочарам
Празникот на розите - Инду Сундаресан првпат се сретнувам со индиска авторка ама и по неколку прочитани страни, книгава остава без здив и тера да се чита понатаму
Голтач на души-Никола Ангеловски Не ми се допаѓа некако,не сум баш воодушевена.Но ќе видиме крајот што ќе донеси не ја оставам не дочитана.