Се што премолчавме - Марк Леви Поклон од брат ми , стигнав до некоја си 50 стр. и сега за сега не ме импресионира нешто вау, се надевам дека ќе ми стане поинтересна со тек на странициве
Јас купив две книги, едната се вика Чокохоличарка на диета, другата Клуб на чокохоличарки, е сеа не знам дали се зезнав и никако да проверам, денес тоа обавезно ќе го направам, да не се работи за две исти книги, таа дадата ми кажа дека едната е продолжение на другата и не знам која е прва која втора, изумив, ако сум купила две исти книги ќе ја задавам плавушана у Матица, арно си се фатив за друга книга јас. Ако знаеш би те замолила да ми кажеш Во моментов ја читам
Лолита - Владимир Набоков За ова дело би дала многу висока оценка. Ми се допаѓа стилот на пишување кај авторот. А, и филмот ми е гледан. Ни едното, ни другото не ме разочара.
Мислам дека Клуб на чокохоличарки е прва ја прочитав и интересна е, ама крајот некако многу обичен ми беше
А потоа...-Гијом Мисо Толку мн ги фалат делата на Гијом Мисо и штотуку бев до библиотека да ја зезам.
„Двојничка“ - Тес Геритсен Кратка содржина во спојлер Спојлер Мора е патолог кој секојдневно сечи тела од мртовци, но што кога на масата е нејзиното тело, иста ДНК, ист датум на раѓање, ист физички изглед? Како е возможно? Дали е сон? Тоа се прашањата што секој би ги поставил, доколку му се случи вакво нешто. После толку долго време Мора дознава дека има сестра близначка која сега се наоѓа во фрижидерот за мртовци во нејзиното работно место. Како што пишува на задната корица на книгата, Мора после ова убиство се соочува со сериски убиец и застрашувачки лични сознанија. Препорачувам на љубителите на трилери.
Скриена во најмрачниот агол од Елизабет Хејнс.Вчера почнав да ја читам и од страв цела вечер неможев да заспијам. Трилер е ама навистина е интересна.
Запрепастена од Чекај ме, феноменална книга. Во моментов читам И после не да ме болат глава и очи, некој ден и ќора ќе останам, се читат ли за неполни две недели 4 книги, отприлика 1000 страни му се тоа, Чекај ме ја прочитав за неполни 2 дена, не сум нормална бе
Моментално ја читам Богатството на Скарлати од мојот најомилен Роберт Ладлам, најдобриот трилерџија на сите времиња...