^^Штом е од Нора Робертс, би требало да е добра, море одлична! Барем мене ми се допаѓаат нејзините книги, оти ми се такви ептен релаксирачки кога не сакам да си го замарам мозокот со ништо друго. Инаку, јас ја читам моментално Мини-шопингхоличарка. Решив овие неколку месеци буквално да го пуштам мозокот на пасење и кога читам книги, бидејќи се замарам со стручна литература, па кога сум слободна, сакам нешто што нема да ме тера да мислам многу
Tell me your dreams - Раскажи ми ги соништата од Сидни Шелдон,прекрасна книга за оние кои сакаат напнатост и тензија до крај на книгата.Навистина останав без зборови и ја читам веќе 3 пат.Многу е поучна.
Ја почнав Странец во огледало, Сидни Шелдон, и се разочарав , мене книгава ми е ептен досадна. Одвај ја дочитувам, можда ќе ги превртам странициве набрзина Демек немало книга од него која не била убава