Erica Orloff - Illuminated Обично не сакам да читам книги една по друга од ист автор, се заситувам некако, ама со оглед на претходната книга дефинитивно продолжувам со оваа авторка. За оваа книга не прочитав баш позитивни коментари, треба да биде епска љубовна приказна, ама има доста разочарани читатели. Како и да е, морам самата да се уверам.
Паралелно ги читам Злосторство и казна-Достоевски и Како да го избегнеш Божиќ-Џон Гришам,со првава некако потешко оди, вторава е лесна книга
Kate Quinn - Mistress of Rome Имам големи очекувања од книгава, а и си љубам добри историски романчиња.
Артур Голден Мемоари на една гејша Долго време ми требаше додека си ја купам, али ете бидна. Намерно го одлужував и гледањето на филмот, додека книгата прво не ја прочитам. Совршено ми дојде за оваа врнежливо неделно време.