Стакленото ѕвоно - Силвија Плат. Ме заинтригира филмот за оваа писателка ''Sylvia'' во кој Гвинет Палтроу ја портретира истата и затоа посегнав и по нејзината книга. Убава полу-автобиографска книга на писателката каде што се опфатени голем дел настани и личности од нејзиниот живот. Прикажана е борбата со сопствените демони на поединецот кога е изолиран, не знаејќи кој пат да го одбере во животот, како на приватен , така и на професионален план. И се' се сведува на тоа после сите амбиции да ги отфрли од себе и да се препушти само на тоа како да стави крај на својот живот.
Следна на списокот Godina prođe, dan nikad - Žarko Laušević Прво ме заинтересира насловот, одамна не сум сретнала вака добар наслов, има некаква мистерија и интрига. Ја најдов на сакам книги и морам да кажам дека страшно ме заинтересира. Мал дел во спојлер од сакамкниги. Спојлер За да ве воведам во книгата ќе почнам со зборовите кои овој познат актер ги напишал за себе: „Се разбира, јас не сум слободен човек. Човек што убил никогаш не може да биде слободен човек. Слободата веќе никогаш не може да биде мој збор. Слободата е право на другите да кажат што мислат за мене, слобода е да ме „слободат“, да ме присвојуваат, да ме мразат и да ме тормозат. А јас веќе воопшто не знам што значи тој збор. Дали е тоа можеби само сеќавање дека еднаш како дете трчав околу Билјарда и бев среќен, или слобода е оној момент кога решив да ја напишам оваа книга.“ Во ова книга авторот е учесник, толкувач на сопствениот грев, тој нѝ ја отвора својата душа и нѝ го раскажува својот најголем грев. И низ страниците нѝ кажува колку страда за делото кое го сторил, тој е двоен убиец, но исто така тој е и татко и брат, син и сопруг, тој убил двајца а еден ранил, го опишува и ставот на опшеството кон него. Низ деновите кои ги минува во затворот нѐ запознава со неговата болка, неговото страдање, неговото каење. Неговата приказна е емотивна и искрена и допира многу теми, опишува многу настани и претставува бројни ликови. Ако читателот ја чита со отворено срце ќе запознае едно човечко суштество кое поминува низ пекол гледајќи го светот околу себе и обидувајќи се да го разбере.
Паднати-Лорен Кејт и Молчи,молчи-Бека Фицпатрик Но некако досадна ми е Паднати многу е интересна Молчи,молчи се заљубив тотално во книгата и еднај чекам да одам во библиотека да прашам за вториот дел