Да можеш да ме видиш сега - Сесилија Ахерн (засега не ми пројавува некој посебен интерес, ќе видам понатака)
Втора шанса - Даниела Стил Првите впечатоци ми се дека е прекрасна книга. Почетокот е доста добар и интересен.
"Што би правел јас без тебе" - Гијом Мисо. Први впечатоци - прекрасна книга. Исто ја имам прочитано и "Затоа што те љубам" и таа ми се допадна. Дефинитивно продолжувам со читање на негови книги, супер ми се, а и не се скапи па ќе ги купувам.
Between Shades of Gray - Ruta Sepetys Не, не, не се збунувајте, книгава нема никаква врска со таа другата. Фала Богу. Преведена е од сакамкниги како Крадци и проститутки, еве линк.
Скршени крилја - Калил Џибран Џибран ми е откритие на годината.Стварно го бидува човекотза пишување,а како што прочитав и сликар бил.Уште еден аргумент во прилог на мојата теорија дека тој што го бидува за се` го бидува. А книгава,ме зашеметува од што е добра.
Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон Ги купив сите дела од Зафон за време на попустите во Матица, поточно ме изненади мм (нели јас тој период тазе породена не можев да излегувам), а немав ништо прочитано од него. Прва ја почнав Сенка на ветрот, почетокот ветува.