Само што ја завршив ,и многу ми се допадна.... сега ја почнав "Што би превел јас без тебе "од истиот автор....
И двете ги имам читано и премногу ми се допаднаа. Можете да ми кажете која да ја купам следна од Гијом, доколку имате нешто друго негово прочитано?? Само нив 2 ги имам читано. А, ја фалеа и ‘Девојката од хартија‘ и ‘Ангелски повик‘....
Gijom Muso - Sedam godina kasnije Си продолжувам со Мисо. Си симнав уште две книги од него што не ми се прочитани, оваа и Врати ми се, што значи уште две ќе ми останат непрочитани од него, ама не се преведени ниту на српски, ниту на англиски, така што ќе се задоволам со овие засега.
101 Рејкјавик - Халгримур Хелгасон Прочитав една третина, ок е, но не сјајна книга како што очекував, т.е. очекував многу повеќе. Очекував уште подобра верзија на Ник Хорнби, а добив само бледа копија. Но, има време, можеби ќе се оправи книгата до крајот.
Периодов ја читам Tes Geritsen, Двојницка и Хирург, многу добри, примамливи, напнати крими романи со медицинска позадина..
„мајсторот и маргарита“ - Михаил Булгаков - Сега почнав, малку ми е збунувачка, ама немам доволно прочитано за да оценам, ќе си кажам на крајот.
Последната искра од Даниел Левин, книга баш каква што сакав да прочитам. Не откривам ништо повеќе, кога ќе ја прочитам, ќе се произнесам за нејзината содржина.