Ако некогаш си ме сакал-Симона Винчи Многу мал роман,нема заплет,кулуминација,расплет....само една приказна раскажана од девојка разочарана од љубовта.Во книгата се опишуваат нејзините чувства.,тајни на женската љубов,трепет,разочарување.Книгата изубилува со прекрасни монолози...прекрасно опишани длабоки чувства. Вака започнува и баш ваква е книгата... „Оваа книга нема да ти се допадне.Ќе те изнервира од самиот почеток.Ќе те вознемири.Сепак,прочитај ја до крај.Затоа што во неа се раскажува една вистина.Се зборува,секако за мојата вистина,но секоја лична вистина,кажана на глас,припаѓа секому.“
Фукоовото нишало од Умберто Еко.Книгата е навистина голем залак,малку тешка за читање,но во никој случај за потценување.
Загубениот симбол- Ден Браун. Ништо неочекувано, веќе видено и здосадено. Башка што сега како главен лик во главава ми се врти Том Хенкс, па тоа уште повеќе ми ја уништува сликата. Воопшто не го замислував така...
Леле и јас, сега ја симнав од интернет. Сигурна сум дека ми е читана, ама никако да ми текне крајот, ама уште пола ми остана, ќе дознаам наскоро
јади моли се уживај , баш и не ми се допаѓа ама уште сум на почеток се надевам ќе се подобри мн фалена беше де
Дрво на Ангелите- Пени Самнер. Прекрасна, трогателна историска сага за едно семејство од Русија кое се распарчува...
Може ли помош ? Праам писмена македонски јазик (7мо одд сум) Имам тема : Народот и поетот ги опеа ние ги величиме Ама незнам што да пишувам..Може ли некој да ми помогне ? Иначе сум добра по овие работи и состави ама ова ми е ств тешка тема не ја разбирам
Пајажината на Климентина ... Се враќам во петто одделение Толку слатко чувство добивам додека ја читам...