Подарок за роденден од Филипс мислам се викаше писателката.. Никогаш не ме бивало да запомнам имиња на писатели се додека книгата не ми се врежи под кожа. Али сега за сега ми го задржува вниманието од било кој друг маж во мојот живот.
Повторно се запишав во библиотека, возбудена како првиот пат кога се запишав во прво одделение Моментално се чита Царска потера од Стив Бери, нешто во стил на Ден Браун ама малку подосадна варијанта
Брат ми ми ја подари "Спомени" од Павел Шатев за роденден и моментално таа ја читам. Обожавам историски книги
Јамајка ин - Дафне ди Морие; Јамајка ин не е место за девојка, но Мери која е 23 години, одлучува да оди да живее таму откако мајка и ќе почине, да и праве друштво на тетка си која е омажена за газдата на Јамајка ин, но кога ќе стигне таму ништо не е како што очекува. Уште кочијашот додека ја носе до тоа место - и кажува дека е опасно, се случуваат гадни работи, веќе никој не сакал да оде таму и дека тоа не е место за една девојка, но Мери е храбра и бестрашна и одлучува да оде да и помогне на тетка си, која е сменета 180 степени - од весела и прекрасна - таа е блед мртовец кој живее во сенка и страв од мажот нејзин, т.е тетин и на Мери. Во селото се случуваат опасни и страшни работи, посебно во кафаната на тетин и. Не е љубовна книга. Доста кратка и нема задржување на деталите што мене лично не ми се допадна, ама не е лоша, се чита за 2-3 часа. и Какао - Мишел Кан. Јасно е дека повеќето од нас не можат да одолеат на парче вкусно чоколадо! Ммм! Но, дали сте размислувале некогаш за историјата на какаото, главната состојка на чоколадото... Поретко или никогаш, нели? Ова е една приказна за човечките страсти, за најплеменитите и најразорните меѓу нив... Давид Алварез е сопственик на продавница во која се продаваат шеќер, ванила, цимет и други зачини од Новиот свет! Таму може да се најде и какао од кое Алварез го подготвува највкусното чоколадо! Но, годините и болеста доаѓаат да го наплатат своето, па тој се повлекува и бизнисот го препушта на неговата внука Луна. Човечката лудост повторно доаѓа на сцена и инквизицијата во 1761 год. им забранува на Евреите да тргуваат и поседуваат какао! Војната за чоколадо започнува... Но, Луна и давид не се предаваат лесно! Решаваат да тргнат во потрага по докази дека токму нивниот предок бил првиот кој го открил какаото и индијанската тајна за припрема на чоколадата која ја носи на францускиот двор. http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=60
„Љубовникот на Леди Четерли“ - Д.Х. Лоренс - некако не ми се допаѓа. Многу описи, многу диверзии, толку ми се здосадува некогаш што мозокот почнува да ми лета и воопшто не знам што сум прочитала.
моментално ја читам Clockwork Princess третата книга од Infernal Devices и можам да кажам дека сум заљубена во книгите