Моментално ја читам "Која е таа девојка?" од Александра Потер и задоволна сум. Се работи за 32 годишна жена која постојано е зафатена со својата работа и постојано мисли дека Мајлс е нејзината сродна душа, но после некое време сваќа дека не е тој.. Книгата е забавна и љубовна. Ја препорачувам.
Кога бев четврта година средно ја обработувавме „Тихиот Дон“ од Михаил Шолохов.Тогаш прочитав само дел(помал дел ),но тоа што го прочитав ме заинтересира и многу ми се допадна па си ветив дека штом ќе најдам слободно време ќе ја земам целата книга и ќе ја прочитам. Еве ме,илјада години подоцна како конечно најдов време да си ја остварам средношколската желба.Инаку книгата има четири томови и секој во просек има некои 450 страници. Не можам да ја испуштам од раце.
Приказни од Мјаукедонија од Игор Џамбазов. Очекував многу повеќе од него, книгата ме разочара, како да е пишувана чисто за публицитет. Нема никаква литературна вредност, ниту пак некоја издржана фабула. Нафрлани се реченици без некој ред и редослед, не ме насмеа, не ме воодушеви. Не ме бендиса.