„Го сакам Њујорк“, малку одмор после трилерот, при крај сум, денес ќе ја дочитам, потоа како Реин ќе ја почнам „Фатални желби“.
Моментално ја читам Девојчето со две имиња-Јадранка Владово Мислам дека досадно почнува зошто не е поврзано со насловот. Сепак ќе ја дочитам до крај и ке дознаам зошто така се вика.
од пред два дена повторно и се вратив на играта на ангелот. се мачам одамна ми останаа уште 100 страни ама некако неможам да ја дочитам. еве сега и запнав па да не ја оставам недовршена иако ич не ми се чита, преку глава ми е од неа веќе.
Нему едноставно не си му важна-автори се Грег Берент & Лиз Тучило прихологија-тоа што ми треба периодов
ЈАс таа ја читав пред некои 3-4 години, зошто се вика така ке дознаеш во последната реченица од книгата буквално Интересна е, зависи на која возраст си. Инаку јас моментално читам Искинатиот вел, прекрасна, прекрасна, прекрасна и многу тажна...
Девствено сино - Трејси Шевалие Ела Турние оди во Франција со својот сопруг кој добива работа таму, и почнува да ги истражува своите француски корени. Две приказни, во два различни историски периоди. Има доза на неизвесност и мистичност.
Дневникот на заводникот - Сорен Кјеркегор Случајно налета книгичкава на мене, малечка е, околу 150 страни има. Ама решив да и' дадам шанса и ќе ја прочитам до крај. Спојлер Иако од толку шанси што им "давам" на сите книги, една "асална" книга не сум прочитала во последно време, за жал. Некоја клетва ќе да ме има фатено.
Моментално ја читам Нина и клетвата на пернатата змија од Муни Вичер Има 4 дела од таа книга.Првиот е -Нина девојчето од Шестата Месечина -Нина и тајната на осмата нота -Нина и клетвата на пернатата змија(оваа моментално ја читам) -Нина и тајното око на Атлантида. Сите имаат околу 300 страници и се зборува за Алхемија.Книгава е фантазија но за мене е многу интересна и возбудлива...