Ја имам прочитано, фасцинира како и останатите негови дела. Иначе моментално ја читам Патешествие од Питер Крифт. Наводно треба да ме просветли книгава. Препорачана ми е. Па ке видиме..
Лолита. Роман кој дури еднаш успеа да го испровоцира педофилот во мене, зашто имаше само една сцена во која човек може да се запраша која реално е горната граница на легалност и педофилија. Да не кажам благо разочаран сум... можеби зашто очекував премногу.
Само што ја завршив Градината на лагите. 600 и кусур страници, но можеле и 400 да бидат ако не го тупела писателката до толку. Но сепак ПРЕКРАСНА книга која вреди да се прочита.
Кој ќе го фати бранот, од Агата Кристи. Малку ми е монотона на почеток, се надевам дека до крајот ќе сменам мислење.
Кум 1 и 2 - Марио Пузо иако одамна ги имам гледано филмот, ете посакав и книгата да ја прочитам па си ја зедов и ја смачкувам, при крај сум со 2, а нема ни 4 дена како ги зедов.Да ви кажам толку брзо ги враќам книгите што почнаа чудно да ме гледаат може мислат не ги читам воопшто, па само земам по 2-3 за џабе
Тунел - Ернесто Сабато Уште не сум почнала да ја читам,денеска ја зедов,ама го прочитав предговорот и мислам дека е добра книга.Една реченица целосно ја запомнив и парафразирано беше некако вака:,,Оваа приказна за антихеројот на Сабато е неподвижен израз за егзистенцијалниот тунел на современиот човек,кој е во очајна потрага од комуникација и разбирање“.Мислам дека е нешто во врска со љубов и злосторство,ама ќе пишам кога ќе ја прочитам.