“Социолингвистика“ Се зезам Одвај чекав да ми помине колоквиумската да се вратам на Софи Кинсела - Можеш ли да чуваш тајна? (Can you keep a secret?) Ја прочитав Remember me (исто од Кинсела) и одма ја почнав оваа....али пуст факс ме прекина... И двете се приказни за современа млада девојка и збрките што и настануваат во животот. Уште сум на почеток, али ветува добра забава книгава
да да на неа мислев, сум се збунала од сите чуда кои ми се меткаат низ главата , а и од милионите ликови во неа, ама како и да е се изнасмеав дури ја читав, ме расположи
Аферата Ван Гог од Џефри Арчер. Прочитав 25 страници и ништо посебно, знам дека нема да ме бендиса, ама ќе ја дочитам сега кога веќе ја почнав.
Јас не ја дочитав, не можев. Ретко кога оставам книга, ама оваа беше крајно глупава и не ми го задржа вниманието.
Вчера почнав да ја читам Елеганција од Кетлин Тесаро. Книгата е нешто како советник за жени како да се облекуваат и да се однесуваат во секоја пригода и како да постигнат елеганција кога е во прашање модата.
Гол човек од Игор Џамбазов..Долго време сакав да ја прочитам книгава и конечно дојде во мои раце.Почнав денес да ја читам,и ми останаа уште малку страници.Во еден здив ја читам,многу е интересна.Истовремено и тажно е да читаш како пропаднал еден огромен талент.
Човек- Стаорец од Фројд (вторпат) Вчера купив едно кинижуле што си го почнав во автобус со читање : СЕКСУАЛЕН СОНОВНИК -и водич за подобар секс од Никола Костевски и Виолета Танчева-Златева интересно ми се виде толкувањето на `влажните` сонови, кои во последно време ги имам во изобилие
Лектирата Црно семе од Ташко Георгиевски...а овие денови мора да навртам до библиотеката да земам некоја слободна книга,сакам нешто за моја душа да си прочитам