Клетиници-Виктор Иго Ако постои совршенство тогаш ова би било,ќе зажалите ако не ја прочитате книгава.Волшебна е.
Ја читам "Победникот е сам" од Пауло Коелјо. Инаку почетоков не ми се допаѓа, ќе видам понатаму како ќе биде
Понекогаш доаѓа среќа - Винка Саздова Книгава ја добив на подарок и е прва книга од Винка што ја читам, така што не знам што да очекувам. Немам поим ниту кој жанр е, ниту за што конкретно се работи, па ќе оставам да биде изненадување
калуѓерот што го продаде своето ферари во библиотеката ја вратив книгата којашто претходно ја зедов ја побарав тајната од ронда бирн, но за жал ја немаше па библиотекарката ми ја предложи книгата со калуѓерот.Најпрво според насловот сакам да се повратам и да ја вратам,но си реков секоја книга заслужува да и се даде шанса. Буквално ме остави без зборови. Само што почнав да ја читав се занесов и стигнав до пола некаде и денес планирам да ја дочитам, па утре да си земам друга. Патем дали може некој да ми предложи некои др. книги од истиот писател на книгата Робин Шарма или некои други книги како ронда бирн (тајната) нешто за смислата на животот, за моќта,парите ? добро би ми дошло да ми препорачете повеќе од 1 книга ги овожавам ваквите книги
„Психологија на успехот“ црвената и сината книга од Дејл Карнеги се навитина добри и „Девојката со портокалите“ од Јустен Горедер.А од Робин Шарма „Кој ќе плаче кога ќе умреш“ е добра,а дирекно продолжение е на Калуѓерот што го продаде своето ферари е „Тајните писма на калуѓерот“ и таа е добра.