Имам пеперутки во стомакот. Начекав уште една од Мисо. Неговите книги ми се ролеркостер. Ќе биде ли оваа на врвот или на дното? We'll see.
Не губете ги нервите поради ситниците во љубовта - Ричард Карлсон и Кристина Карлсон ( Многу добар прирачник )
Три моментално имам , две од библиотечето и една купена ...еци пеци пец . Ј ја почнав `Љубов со мали буквки ` -Мирајлес .
.. Сликата на Доријан Греј од Вајлд. Во меѓувреме и Будење од Антони де Мело. Прва книга од овој вид, „самопомагачки“ како што си ги викам, па ќе видиме што ќе испадне. Не очекувам многу.
Си ги читам дневниците, 2001/2006. Сум имала поголема верба во Бога. Си се препрочитувам пак. Запознавање со себеси еј. Лудило. Поезија што се меша со реалност. Во мене се бореле пацифист, радикал, атеист, верник. Многу пати споменувам Љубов, чиста мисла. Сонувам низ зборовите. Се враќа човек на Себеси, кога бил најмалку свесен, а сосема отворен. И еве што сум напишала на самата страница на еден од нив: "Ова сум Јас, целосно. Свртена секогаш и засекогаш кон Сонцето. Пијам од зраците и се обидувам секогаш да се најдам себеси и да ги откријам и моите сончеви дамки". Кое патување!