Оваа страна на рајот, од Фицџералд. Си ја најдов дома низ книгите од тато, скоро недопрена, со тврд повез. Радост!
И јас истата планирам да ја почињам. Ја купив пред неколку месеци, али вечерва се спремам да ја почнам.
Подмолна убавина - Ребека Џејмс. Сабајле за добро утро си ја почнав, ама цел ден бев со обврски, со гости, а само книгава ми беше во главата, конечно при крај сум, се чита многу брзо, само за неколку часа.
Hard-Boiled Wonderland and the End of the World од Мураками. Значи колку го сакам човеков, не ме разочарал до сега.
Ќерката на мојата најдобра пријателка - Дороти Кумсон. Книгиве на Дороти ми се незаменливи! Иако се доста лесни, со релакс и пријатна содржина и сето тоа сместено и скоцкано во многу страни, мене ми е препогодена и совршена со тоа како ги доловува сите сцени и сите можни детали. Јас сум ти љубител на детали, да! Bring it on sister.