„Ангели и демони“ од Ден Браун. Ми се бендиса „Кодот на Да Винчи“, ја читав пред година дена, па си реков да ја читнам и оваа. Ја читав „Вештица“ од Венко, ама ми ја зеде другар да ја прочитал, и не ми е довршена. Сега треба пак од почеток да ја почнам. Таа книга сакам да ја прочитам во еден здив, т.е. наеднаш, без да ми се мешаат приказните од некоја друга книга. И онака самата книга е испреплетени приказни.
Надвор од линијата, од Ивана Тасев. Збир на интервјуа од различни профили на луѓе, инспиративни пред се’. Вчера читав, читав, читав... Ми пројдоа катаљон различни ликови и нивните мисли низ вијуги. Ивана е посебен новинар, а уште подобар поставувач на прашања, калибар на философија + пристап на човечност. Препорачувам за храна на душата.