Јас ја почнав трилогијата (моментално, но ќе имало и 4 дел) од Силвија Деј: 1.Соголена пред тебе 2.Огледана во тебе 3. Испреплетена со тебе и да ви кажам-многу е безобразна Знаев дека е таква уште пред да ја читам, популарна им стана на работа па ај велам и јас да ја ѕирнам. Лесна е за читање, не е нешто сложено ама љубовните и секс сцени добро се опишани и кога ќе почнеш да читаш потешко е да престанеш, но откако ќе престанеш да читаш можеш и да ја паузираш без пробем, бидејќи таква е книгата, не очекуваш некој бум настан па да мора да ја читаш во еден здив. Уште не сум ја дочитала првата книга, ама кој сака малку секс и вулгарности пропратени со љубов, може да ја чита. Не би да навлегувам во содржината, освен тоа дека се работи за девојка која, сакајќи да го заборави минатото, се сели на друг крај од земјата, се вработува во голема фирма и пред да го запознае шефот, се опседува со него и со мислите да го легне (исто и тој). Еден совет-читајте на српски или хрватски, не дека имам против нашиот јазик, ама мене секс сцените смешно ми делуваат кога се пишувани на македонски. Можат да се најдат на интернет во пдф форма.