...Преубаво,го препорачувам на сите кои мислат дека ќе уживаат во едно мистично патување на самоспознавањето.Морам да кажам дека не е лесна книга,ама за тоа и е преубава
Вечерва и засекогаш - Нора Робертс - убаво љубовно романче е ми останаа уште неколку странички до крај
јас ја читам "купхоличарката се мажи", трет дел е од купохоличарката умрев од смеење со сите три дела, лесни книги за да се опуштиш и да уживкаш!!!
"Слободна како ветер"-Мари Луиз Фишер Овој роман е за девојка која живее како затвореничка на нејзината мајка. Слободата ѝ е ограничена и не смее да излегува ниту да се дружи со нејзините врсници. Таа се бори за она што го сака... Девојката ја сака слободата на модерниот живот, немирна е и бунтовна за конечно да ја дознае причината за таквото однесување на нејзината мајка, која сака само да ја заштити и да не ѝ се случи истото што и нејзе ѝ се случило.
„Грешник“ е необичен љубовен роман за внатрешните дилеми на една млада музичарка вљубена во постар, оженет виолинист, и за неговите внатрешни превирања и немоќта да го напушти семејството и да се впушти во живот каков што отсекогаш посакувал. Со еден збор, впечатлива приказна за витлите на брачните триаголници...
Книгава со месеци ја барам и никако да ја пронајдам по библиотеките а баш имам желба да ја читнам Да не ја има случајно некаде на нет да си ја симнам ?
Свртување на завртката од Хенри Џејмс,прочитав 20на страници ми го привлече вниманието,па ќе видеме понатаму дали ќе ги исполни очекувањата.
Чевлите на другата жена-Адел Паркс Побарав во библиотека нешто полесно за читање,да ме релаксира периодов и тетката ми ја тутна во раце оваа ,демек нејзе не ја оставила да спие цела ноќ
^^The magician's nephew не беше првата? Инаку, почнувам да ја читам The bookseller of Kabul - Asne Seierstad.
Ќерката на Магда. Книгата почнав денес да ја читам и сум до 200 страница и не можам да ја оставам. Не мрднав на работа денес, оставив се за утре