Играта на ангелот - Карлос Руиз Зафон Делово речиси ме тера да ги затворам очите и да фантазирам дека чекорам по Барселона, разоткривам мистерии, патем ја наоѓам љубовта на мојот живот со која споделувам умешности на највисоката кула од некоја величествена архитектонска градба.
Сенка на ветрот - Карл Руиз Сафон Прва книга што ја читам од Сафон и почнувам да сфаќам зошто е омилен автор на многумина. Јас лично не сум љубител на фантастични, sci-fi книги, меѓутоа оваа е одлична досега. Се надевам дека ќе е исто толку добра и до самиот крај.