Книгава ја имам читано одамна, а не се ни сеќавам што се раскажуваше во книгата Има такви книги што не оставаат доволно големи импресии и се забораваат извесен период после читањето.
Девојката со тетоважа на змеј(фајнали). Книгава ме вовлече во мистеријата, ме проголта и само си размислувам што и како се случило. Ама кога ќе ја дочитам ќе пишам целосни впечатоци. Инаку со стилот ме потсеќа на Агата Кристи.
реибоу се согласувам со тебе, девојката со тетовазаз на змеј е многу убава книга и мене ми се допадна најмногу стилот на писуванје зс агата кристи ми е мегу најомилените писателки. од неа имам многу романи процитано а мегу омилените ми се мистеријата на синиот воз, убиство во ориент експрес, смрт на нил и др.
Моментално читам "Слободна како ветер"-Мари Луиз Фишер Книга за живот на едно 17 годишно девојче и реалниот живот на тинејџерите ....еве извадок Тој ја прегрна и и ја повлече главата на неговите гради,но не се обидуваше да ја соблече. На радиото го пуштија последниот сонг од Клиф Ричард-IT IS FUNNY... -Зошто всушност ме донесе?-го праша. -Да водиме љубов,мислиш? -Не знам... -Во прв момент,кога те видов како стоиш зад шанкот...тогаш уште ме немаше ти забележано..знаев дека си посебна девојка.. -Што значи тоа? -Дека имаш нешто посебно.Дека не си како другите. -Па сепак без размислување дојдов со тебе. -Но,тоа е прв пат. -Дали ти е важно тоа? -Не.Но,мислам дека е важно за тебе. -Да. -Се плашиш,нели? -Да. Тогаш соблечи ја таа глупост,да ме почувствуваш. -Тој ја откопча наметката и го префрли ракавот преку рамото.-Сега ќе бидеме малку заедно,да се навикнеш на мене.Ете така! Лежеше припиена до него,тоа беше за неа сосема ново чувство;да ја чувствува топлината,мекоста,едрината на тоа младо машко тело. Нежно ја милуваше. -Не плаши се.Ти не си за мене некој предмет што по употреба се отфрла.Јас сериозно мислам. Таа ја мирисаше неговата пазува. -Колку убаво мирисаш. .............. Таа гомилуваше по градите,од нежност,но и да го запознае тоа туѓо непознато тело.Тој ја турна нејзината рака надолу,но таа се сепна и исплаши. -Но,сигурно ова веќе си го правела-рече тој.-Мислам си држала пенис. -Да-воздивна таа-Но,не така..кога немав ништо на мене -Тука нема разлика.Само опушти се. -Матиас-рече-Јас би сакала да се обидам...јас би сакала да доживеам,знаеш... -Па тоа е прекрасно!Тој се сврте кон неа и ја бакнува. -Ќе земам презерватив,ако се плашиш.. -Не,јас пресметав.Штотуку имав...па сигурно не може ништо да... -Сигурно не? Тој ја милуваше и бакнуваше со голема стрпливост додека да му се предаде.Кога влезе во неа,почувствува блага болка.Болеше многу помалку,отколку што мислеше.Но,големото чувство на среќа изостана.Беше пријатно,но ништо повеќе од тоа.Потоа падна во длабок сон без соништа.... Ова е само мал дел од книгата 116 -117-118 страна овој дел го одбрав баш да ви го напишам да ве привлечам да ја прочитате,инаку книгата не е целата со вакви пишани сцени,книгата е поучна за животот,проблемите,грижите кои ги имаат сите девојки на тие години и пред се се ставени проблемите од страна на родителите и нивното разбирањ за времето во кое живее нивната керка...ПРОЧИТАЈТЕ ја одлична книга јас сум веке при крај со неа
Слободна како ветер воопшто не ми се допадна. Како да не беше дело на истата авторка што има напишано прекрасни книги, премногу плитко, без ништо да те наведе да размислуваш. Ама баш никаков впречаток не ми остави книгата. Ме остави рамнодушна и со чувство на залудно потрошено време. Инаку, ја дочитав Девојката со тетоважа на змеј Само сакам да кажам дека ми ги исполни сите очекувања. До крај те држи во неизвесност и без здив ги вртиш страниците, во надеж дека ќе дојдеш до одговорот. Е сега, работава е што ова е трилогија. Трилогија Милениум. Не сум информирана дали другите делови се преведени, ама ќе најдам начин да дојдам до нив
Мислам дека ги има преведени Виножитке, исто од ТРИ, како што беше и „Девојката со тетоважа на змеј“. Провери таму, знам дека „Девојката што играше со оган“ (вториот дел) е околу 500 ден., а за третата книга прочитав некаде дека е преведена како „Кули во воздухот“, ама не сум сигурна дали ја има.
'' Дневникот на моторциклистот '' - Че Гевара А после неа следува '' Убиство во Месопотамија '' - Агата Кристи
Недоразбирање - А. Ками Речиси сум готова, прекрасна книга. Топло ви ја препорачувам доколку не сте ја прочитале.
Шминкерка-Андреа Семпл. Лесно, забавно, хумористично книгиче, кое на моменти засмејува до солзи Сите што сакаат да се опуштат и да не се напињаат со длабоки филозофски мисли, треба да си ја читаат книгава.