Сто години самотија-Ама само ја започнав,не знам дали да продолжам да ја читам.Ми стои тешка за читање Некој предлог?Интересна е,да продолжам да ја читам или...?
^ Мене ми е една од омилените книги, а и Маркез еден од омилените автори. Според мене е епски роман, кој всушност е почеток на нов жанр во литературата - магичен реализам. На почеток можеби и мене ми изгледаше тешка за читање, меѓутоа дефинитивно вреди да се прочита. Сто години самотија е книга што ќе те натера да размислуваш, што ќе те остави без здив додека ја читаш и што откако ќе ја прочиташ ќе ти се врежи длабоко под кожа, длабоко во меморијата и ќе ја паметиш дури и по многу години. Ти ги препорачувам и останатите дела на Маркез, посебно Љубов во време на колера. Без сомнение се што излегло од перото на овој автор е импресивно и достојно за врвна почит.