Јас во последно време читам по две истовремено бидејќи татко ми ми ги краде и ако едната е во него, морам да имам друга, така по препорака на библиотекарот ја зедов Малку-Хакан Ѓундај, имало само еден примерок и морам да кажам не очекував дека книгава ќе биде толку добра и 1Q84-Mураками зошто сакав да ја доживеам повторно.
Моментално ја читам "The unbearable lightness of being" од Милан Кундера. Не можам да се одвојам од книгава, ја читам на англиски, сигурна сум дека може да се најде на македонски, распрашајте се низ книжариве и библиотеки, топло ја препорачувам.Психолошки осврт на еден брак, неверства, и карактерите. Ремек дело!
Млада Месечина од Стефани Мајер книгата е преубава неможам да се разделам од неа...премногу ми се допаѓа па кога ќе ја завршам на план сум да ги дочитам сите други дела ептен се интересни моментално ми е врв книгава <3
Ангелски повик-Гијом Мисо Она што започнува како романтична комедија прогресивно се претвора во напнат трилер. Маестрално интригирачка приказна предводена од движечки ликови. Извонреден завршеток.