Интересна ли е? Мислам дека таа ќе ми е следна, интересно ми звучи а баш сакам да прочитам поише за идеологијата на Хитлер
„Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери. Секој нареден пат ова книжуле ми е ново доживување, извор на животни мудрости. Секогаш ја читам со срцето бидејќи најсуштественото е невидливо за очите...
Пред неколку денови ја дочитав Рингишпил од Јелена Бачиќ Алимпиќ и многу ми се допадна и покрај тоа што нема хепи енд. Моментално се двоумам дали да ја почнам Последниот чај од Винка Саздова или Марина од Карлос Риуз Зафон. Мислам дека сепак Последниот чај ќе биде прва.
Сопругата на италијанскиот богаташ - Хелен Брукс Спојлер Неа денес ја прочитав во еден здив , бидејки е мала . Има 184 страници и многу лесно и брзо се чита . На мене ми се допадна ама не можам да кажам дека е нешто посебно . Извинете за офф топиков . Па сега ја започнав и Силвер Беј - Џоџо Мојес .