Штотуку завршив со The Story of Us од Susan Wiggs - помала книга која е всушност вовед за следната. Па сега почнав со The Ocean Between Us како продолжение.
Ангел на темнината - Тили Бегшо (Сидни Шелдон) - На почетокот бев одушевена, но после неколку страни сама предвидев што всушност се случило, а тоа е токму она што не сакам да се деси во криминалистички роман, така да ја дочитувам со сила.
Точка на измама -Ден Браун .... Воедно да кажам дека од него ги прочитав и (Инферно, Kодот на Да Винчи, Изгубениот Симбол и Ангели и Демони). Сите ме фасцинираа... Темите што ги разработува се актуелни, реални и многу интригантни. Го препорачувам на сите што обожаваат трилери и мистерии.