The Scorch Trials - James Dashner Вториот дел од The maze runner. Го изгледав филмот, иако требаше да си почнам со книгите прво. И сега не ми се чита првата книга, кога веќе знам што се случило, си продолжувам директно со втората. Иако читав за разликите и како и секогаш во екранизацијата на дистописки романи, има огромна разлика.
Ја мкнам веќе цела недела, што од обврски, ама како и да се презаситив после двете други прочитани книги од Каризи. Првата половина некако досадна ми е, не дека ми фалат дејства и акција, најверојатно дека ја споредувам со Шепнувачот.
Прекрасна тема и одговори! Си запишав неколку книги за во блиска иднина и со нетрпение ќе очекувам нови препораки. Моментално ја читам Warrior of the Light од Пауло Коељо.