Опасни сте со лектириве За Злосторство и казна... сочувствувам со тебе. Ме поремети таа книга. Е ова е една од најдобрите книги in a lifetime! Јас почнав да ја читам „Името на розата“ од Умберто Еко.
Ја имам дома ама незнам дали да ја почнам .. Иначе ја прочитав Самрак и многу е добра книгата .. најбитните моменти , за мене најубави не се на филмот прикажани .. Сеа ќе ја почнам Млада месечина повторно од Стефани Мајер
Моментално ја читам Принцезата Султана - Џин Сасон I дел.. Нека ја прочита секој кој е заинтересиран за човековите права, а книгата е шокантна тажна и полна со чувства. има уште два дела, планирам и тие да ги прочитам.
се согласувам со вас и ви ги препорачувам сите три дела јас ги прочитав во еден здив.многу добри книги
Моментално читам "Паралелен свет" од Б.Д. Бенедикт. Книгата е за паранормални случаи, вистински случки, духови, исчезнувања....онака ја земав, чисто да видам за што се работи
Колку популарна стана сагава. Да не одам оф топик, јас моментално читам, читам весник. Сеуште ја читам Кад душа замре, ама со премногу одолговлекувања, воопшто не ми се чита периодов.