Лелеле книгава да знаес ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА,вљубена сум во книгава баш онака тинејџерска,поучна и забавна се чита во еден здив
Ексклузивна приказна- Ферн Мајклс. Едвај ја дочитувам, ама ептен не ми се остава недочитана книга. Ништо посебно не се случува, лош стил на раскажување, ништо вредно што би го задржало вниманието...
Смрт му е на тој што ја чита Ова е една убиствена книга, барем насловот е на место... И не ми се верува дека дремев два саати во кино гледајќи го филмот
А инаку ја читам Судбината на еден Чарли - Александар Поповиќ. Книгава ја имам фатено и оставено стотина пати, зашто ми била многу досадна. Ама сега зашто немам што да читам, сите ги имам по сто пати препрочитано (морам да се обновам со книги ) ја земав пак оваа. Баш ме интересира за што се работи, ама ми се чини многу досадна.
Психолошка и многу поучна книга, те учи како да се живее животот што од секогаш сме го посакувале...Има и приказна,не е лекциашки напишана Уствари оваа книга е како едно продолжение на книгата "Калуѓерот што го продаде своето ферари"(сигурно имаш слушнато за оваа)
Сега видов дека имаш 13 год. па многу е голема веројатноста да не ти се свиѓа книгата Може да ти биде тешка за читање...Најди си некое лесно тинејџерско романче,јас таквите ги обожавав нормално на таа возраст
Не бе, нема везе. Јас си читам такви книги какви што ќе ми паднат на памет. Интересни ми се тинејџерските романи и чик литературата ама на моменти сакам да читам подлабоки психолошки романи што имаат некоја поука во нив. Читав една книга кај вујко ми Моќта на потсвеста и уште една за илузии се работеше. Не ги дочитав, зашто не ми даваше да ги читам ама многу ми беа интересни. Исто читав една книга, на српски беше се работеше како да стекнеш и да задржиш пари, како да управуваш со нив, и нешто се работеше за Вавилон. Така да, јас се читам, зависи од расположението. И фала инаку, би можела да проверам низ книжарнициве за книгата. Сега ќе речете, дете и сегде да бута нос, кај што не му е место ама што да правам, кога многу ме интересираат такви книги и насловите многу ми беа интересни. Се интересирам за хипноза, илузија, потсвеста и такви слични работи.. за психологија и психијатрија. Уствари, во овој период - за се се интересирам.
Дневникот на Бриџит Џонс - Хелен Филдинг книгата ми ја препорача библиотекарката.. не многу, ама сепак е интересна
Го сакам Њујорк. Книгава не ми е нешто посебно, мислев дека ќе има повеќе хумор, како што читав на некои коментари на сајтот на сакам книги. Има и некои нелогични работи што ја уништуваат целата приказна. На пример, Спојлер Главниот лик е хонорарец во Лондон и се добива впечаток не е нешто посебно имашлива. Ама да побегне од проапдната врска, оди во Њујорк, плаќа 350 долари за соба од вечер, си приуштува секакви луксузи, не ни мисли да бара работа, а само троши купишта пари. Ајде во еден дел се објаснува имала мала заштеда, ама таа ја сплиска на почетокот, па зема пола пари од заедничката сметка со бившиот, ама и тие колку можат да бидат? Да не се раѓаат случајно? Така, се на се, не ми е некако спектакуларна.
Ќе треба да ја почнам Злосторство и казна за на школо ми е инаку насловов ми делува интересен,ама кога се распрашав мислам дека се работи за некој млад студент кој убива стар човек/жена без причина и после си го плаќа злосторството во вид на казна, ама не знам што се случило, па ме интересира и треба да земам да ја прочитам.