101 Рејкјавик - Халгимур Хелгасон Чукнато книже, ај лајк ит! Не за секого дефинитивно, доста е неконвенционална како со темите кои се опфатени така и со начинот на пишување. Ама се навлеков иако после првите 20тина страници многу и се мислев да ја оставам.
Денес: What Alice Forgot од Лиен Мориарти затоа што уживав во Тајната на сопругот и Големи мали лаги.
How I Found Livingstone- Henry Sтanley Morton- При крај сум, книгава е патепис, се работи како авторот кој работи за New York Herald е испратен во Африка да го пронајде познатиот Д-р Ливингстоун кој е познат по тоа што прв го открил езерото Тангањика, бил мисионер и познат истражувач на Африканскиот континент и безуспешно се обидел да го пронајде изворот на Нил. Патувањето започнува од островот Занзибар па се до Уџиџи(село кое се наоѓа на брегот на Тангањика), детално се опишани подготовките за патувањено, случувањата, средбите со разните племиња, има и етнографски и географски забелешки итн. Moll Flanders- Daniel Defoe- само што започнав да ја читам, како што можам да приметам се работи за девојка која поради околностите запаѓа во несреќи, но за време на нејзиното парешествие успева да се справува со помош на нејзината доблест, барем таков заклучок имам до сега.
Паметно ќе ми било да сум ја оставела книгата кога сакав да го направам тоа. И дадов шанса со сила до 170стр. ама не, дефинитивно НЕ од мене. Некои досадни монолози кои му се вртат во главата на 33годишен хипстер кој ништо не прави во животот освен што гледа порно, оди по барови и слични такви глупости.
Ја почнав "Пукнатина" од Дорис Лесинг. Уште сум на почеток и баш ме интересира што ќе се случува понатаму. Меѓотоа, имам некое чувство дека нема баш да ми се допадне.