Rebel Belle и изгледа сум единствена од цел интернет што не е фасцинирана од книгава. Уште 20 проценти од оваа, и после ја почнувам The Lost Girl за клубот
Quo vadis? -Хенрик Сјенкевич Моментот кога почнуваш да ја читаш во 17h, престануваш во 0:30, паузи само до WC. И утрото станувашво 9h и прво што правиш ја читаш. Ја читаш без прекин до 12h, па одиш до WC и пак седнуваш да ја читаш до 14.30, додека очите не те здоболат
Да се убие подбивната птица - Харпер Ли со превод од 1967 година. Книгата е прекрасна, почнав да ја читам на англиски (но, малку напорно ми беше, башка и на лап топ) , дури во глава ги слушав ликовите како зборат на тој јужњачки акцент, ама со нашиот превод...не сум многу задоволна, иако со задоволство ја читам.