„Што би правел јас без тебе?“ - Гијом Мисо....прекрасна книга....еднаш ако ја започнете не можете да ја оставите....прекрасно!!!!
Злосторство и казна е еден од најубавите романи што сум го прочитала,од оние школските.А да тоа се работи во него,на моменти станува досаден но во целост е многу добра книга.
За таа книга со илузиите незнам ама Моќта на потсвеста незнам зошто не ти дозволил да ја читаш.Лесна е за читање и не е забегана некоја...Да си ја прочиташ! И овие другиве да си ги прочиташ Ако ги бараш прво прочитај ја Калуѓерот што го продаде своето ферари а после неа Откријте ја својата судбина,зошто се надоврзува на првата...
Не ми е нешто нај нај ама не е ни лоша...солидна Ќе научиш нешто повеќе за животот во Индија.Мене тоа ми беше најинтересно...
Три жени - Марџ Пирси, некаде до половина сум, лесен, едноставен стил на раскажување, на моменти со мала доза хумор. Се раскажува животот на три жени,една девојка, една средовечна жена и на една баба.
^ Ја имам читано. Нема некоја голема динамичност, ама некако ти се врежува во потсвест... Добра книга е.
Само што ја прочитав ‘Што би правел јас без тебе?‘ - Гијом Мисо. Прекрасна книга! Многу зачинета, како и сите негови. Непредвидлива и неизвесна. Вистинско ремек дело! А моментално ја читам ‘Девојката со бисерна обетка‘.
Срце - Едмондо де Амичис. Ми беше лектира, и сега кога ја отворив - тотално ја имав заборавено. Делумно интересна книга, во која си преовладуваат така досадни моменти и сигурно не ти се врежува во сеќавање.. Барем во моето.
Почнувам со Внимавај што посакуваш - Александра Потер Лимонатка некоја, ама за тепање досада ќе ја бива
моментално ја читам книгата фемина,не ми требаат други книги бре,јас моите за факултет н е сум ги прочитала и немам в реме за друго освен за кафенце со виртуелната ни фемина
Книгата има околу стотина страни, се чита за еден ден. Мал вовед - се зборува за 90 годишен старец што за прв пат во животот се вљубува во тинејџерка. Книгата не е лоша, ама имам прочитано и подобри дела, така што и давам просечна оценка.