Од авторката на I'll give you the sun. Ми се чита нешто лесно, а сепак убаво напишано и со артистички елементи. Се надевам ќе биде толку добра како и претходната.
Источно од рајот- Џон Стајнбек Вчера ја земав од библиотека и до сега прочитав 120 страни, што одамна не се случило со оглед на тоа што читам пред спиење. Американска литература, лесна, природна, реднечка, но секоја страна е интересна. Ко да им е страв да се впуштат во анализи и описи, или ко да немаат капацитет за тоа. Така беше и со Гетсби, Игра во `ржта, така и со оваа, и од америчка класика ми остана уште To kill a Mockingbird.