Голи во смртта - Нора Робертс . Само што ги прочитав првите 10 страни, и знам дека ќе биде во моите омилени ... Претходно ја имам прочитано Славни во смртта (иако знам дека е втор дел, така ги начекав во библиотека)... Нора е царица Никогаш не ми е доста од нејзините книги.
Marrow - Tarryn Fisher Нешто помрачно, поемотивно, потрагично... Стилот на пишување на Тарин Фишер почнува ептен да ми се допаѓа.
Еден предлог: читај го на македонски. Многу подобро се доловува душата и суштината на Достоевски, бидејќи јазикот е сроден. Преводот на македонски е добар. Оние делови што сум ги читала на англиски ми беа чудни и ладни. Не може да се преведат добро сите зборови, пример јуродив или оние мили форми карактеристични за Достоевски, како чевличките на Иљушенка... неприродно звучи на англиски. И да не бидам офтопик, со месеци ја тегнам Играта со стаклени мониста на Хесе. По втор пат ја читам, но немам толку време колку што сакам да и’ посветам.
@AnaKarenina ја меркав и јас книгата, ама само првиот дел е, немам трпение да чекам да излегува по делови. Баш ме интересира како ќе ти се допадне. Јас почнувам со трилогијата The 5th Wave, исто дистописка.