“Хипнотизер“ од Ларс Кеплер. Ја читам на македонски јазик, издадена од издавачката куќа Матица и со секоја завртена страница делче од мене умира. Не сум некоја ептен фанатична grammar Nazi личност од типот на некои од членовите во групата Пуздер правам од македонскиот јазик, ама мешање на некој со некои, кој со кои и користење на му наместо им ме полудува. Какви се тие преведувачи, и какви се тие лектори кои очигледно лекторираат како кога требиме ориз- нешто гледаш, нешто не, па затоа некаде се правилно напишани зборовите, ама почесто не се. Обично ги избегнувам новите изданија и читам постари, меѓутоа некогаш пројавувам желба да прочитам и нешто поново, а за жал сѐ уште немам Киндл за да читам книги на англиски јазик, па ваквите преводи ме потсетуваат дека треба да си се држам до постарите дела или да бирам некои од други издавачки куќи, како на пример Табернакул. Од таа издавачка куќа немам читано многу, меѓутоа досега не сум сретнала лош превод, ниту вакви грешки што се недозволиви ни во основно образование, а не кај дипломирани преведувачи и лектори. Книгата инаку не ме држи во неизвесност и не ми е толку интригантна, лесно ја оставам, не е пример како „Шепнувачот„ за која потешко се одлучував да правам паузи во текот на читањето. Можеби ќе ми се смени мислењето до крајот, не знам.
Книгите на Матица воопшто не се лекторирани. Објавуваат драфт верзии што се срам за издаваштвото. И од Три сум сретнала неколку такви изданија. За Ѓурѓа ич да не правам муабет, не ми е јасно како опстојуваат и кој им ги купува тие касапени книги на големи имиња. Од Култура одамна не сум зела нешто да читам, не знам дали се поправиле ама до пред 5 години новите изданија им беа УЖАС. Знам дека сум оф топик, ама @sesilija ми ја чепна болната точка.
Трите ќерки на госпоѓа Лијанг - Перл Бак Со оваа писателка нема утка, очекувам добра приказна и овој пат!
СЕНКА НА ВЕТРОТ - КАРЛОС РУИС САФОН ако не сте сигурни која ќе биде вашата следна книга, дадете и шанса да биде дел од вашата листа.