Како ти се допаѓа книгава? Следна книга што планирам да ја читам е таа но некако не ми се допаѓаат овие две негови што ги прочитав овој период.
Не ми уште дочитана,ко ќе ја прочитам ќе ти пишам. Ама од она што досега имам прочитано ми е просечна,интересна за губење време. Сепак се работи за вкус
Книгава почнав да ја читам вчера на плажа... И да не требаше да патувам, сигурно ќе ми беше веќе прочитана... Имам уште триесетина страници... Лесна, прекрасна, забавна...
Шума-Харлан Кобен Обожавам трилери и книгата сега за сега ми е прејака, буквално цел ден неможев да ја оставам. Инаку имам само некои негативни забелешки околу преводот на македонски
Долго ми стои во домашната библиотека,конечно собрав храброст да ја почнам, се надевам вреди да потрошам време за нејзините скоро 800 стр.
^^^ Ти завидувам што ќе ја читаш.Ова ми една од поомилените книги. Јас на македонски ја читав,преубава и потресна.