Rainbow кажи коментар за Долг пат до дното, јас се токмев да си ја купам од ТРИ. А го сакам стилот на Ник Хорнби инаку.
Четворица луѓе разочарани од животот се наоѓаат на врвот на Зградата на Саноубијците на Лондон, вечерта на Нова година решени да си го одземат животот. И почнуваат со разговор да си ги откриваат проблемите... Искрено, не сум до кој знае каде, така на почетокот сум си, ама некако не ме бендисува нешто многу, многу. Не знам баш што да ти кажам...
Големи и мали - Бошко Смаќоски. Колку ми се убави книгичињава значи. И доста реална е, баш си е објаснето еве, како ние живееме во нашава Македонија, поточно Скопје, секојдевните ситни и поголеми кавги. Разликата помеѓу малите и големите, иако често големите знаат да се покажат мали, а малите многу големи, во вистинска смисла на зборот.
Ја оставив Вештица..некако не ми се допадна Сега ја почнав Записи од мртвиот дом-Фјодор Михајлович Достоевски ми се допаѓа книгата,а и старо издание е,со дебели корици и многу добар превод..одлично
Покрај "Емоционална писменост:интелигенција со срце" од д-р Клод Стајнер си ја читкам и "Писмата на Саманта за Џенифер"-Џејмс Патерсон.Прекрасна книга полна со емоции кои потсетуваат дека домашните,најблиските ни се огромно богатство и непресушни извори на љубов и среќа и дека треба да ги почитуваме и чуваме
Пиреј - Петре М. Андреевски За повеќето е прекрасно дело кое мора да се прочита.. но мене почнува да ми здосадува некако не ми се читаат такви книги.
Уф, морам да се поправам за Долг пат до дното. Книгава полека, но сигурно ме завлече. Како се разврзуваат настаните станува се поинтересно и просто мораш да дознаеш што е тоа што ги бутка овие четворица странци заедно понатаму во животот. Дали на крајот ќе се убијат или животите ќе им добијат сосема нова пресвртница?
Само што си ја купив Мајсторот и Маргарита и ја почнувам паралелно. Еднава англиски, другава македонски - таман, зависи од расположение
Јас денес ја зедов Враќање дома-Даниела Стил...пред некој ден прочитав тука нешто се зборуваше за неа и денес ми падна во очи оваа книга од неа...стигнав до 100та страна и интересна,неизвезна,ништо не навестува како би можела да заврши.
Папата Јована ви препорачувам но само ако имате време.. 600 страници ни јас не знам како ќе ја прочитам.
,,Ранетиот орел,, од Милица Јаковлевоќ (не можев да го дочекам крајот на серијата ) и по препорака на библиотекарката ,,Повик,, од Џон Гришам