Убијци без лица од Манкел, ја почнав синоќа.... Втората е Вовед-Кери Болдвин. Ќе пишам рецензии наскоро.
Зошто мажите не слушаат- Алан и Барбара Пиз = книшка што се чита во пола саат и ете ја почнувам сега Танчерката од храмот- Џон Спид
Јас, Мона Лиза - Џин Калогридис Толку ја барав книгава по библиотека, чекав да ја видам на полиците и да ја фатам во раце конечно и не начекав, па ја купив. И...не ми е по ќеиф воопшто, може дека премногу си ја изидеализирав во себе заради фактот дека Мона Лиза ми е интригантен лик. Развлечено дејствие, убав почеток кој ветуваше, меѓутоа како врвеа страниците мене ми стануваше се подосадна книгава. Одвај чекам да ја дочитам, ме измори некако... Се надевам дека крајот барем ќе биде нешто повозвудлив. И дефинитивно, историска фикција книги ар нат мај кап оф ти.