Куќата на злото - Агата Кристи Интересно, ме држи во неизвесност до половина некаде сум, кај и да е утре ќе ја дочитам.
Јулија од Ен Фортиер. Полека, но сигурно ве обзема, ве заинтригирува сегашноста, а потоа ви се открива еден сосема друг свет во минатото. Обожувам вакви книги, каде минатотo и сегашноста се испреплетени. Со помош на минатото, сложувалката во сегашноста полека се составува. Прекрасна приказна, базирана на Ромео и Јулија...
uff, i jas umref dur ja dochitam, sedev do 7 sat sabajle, mnogu me drzheshe vo neizvesnost, sepak imav nekakvi somnevanja vo lichnosta koja go napravila zlostorstvoto
Aко сакаш такви мистериозни книги, би ти ја препорачала „Лавиринт“ од Кејт Мос. Навистина е малку поголемка, ама е одлична и не се испушта од раце кога ќе почнеш да ја читаш. Инаку, сега се нафаќам да ги читам книгите на Пол Сасмен... интересни ми се, бидејќи сакам такви книги со историски тематики, мистерии и интриги.
Дефинитивно многу убава книга,баш ме интересира дали ќе ти се допадне крајот.Јас инаку моментално ја препрочитувам Децата на Ѓаволот,инаку одамна ми е читана
Alice Sebold- THE LOVELY BONES на англиски но пред пц нешто тешко ми иде повеќе си седам овде колку што читам A сеуште се мачам со психологијава "Емоционална писменост:интелигенција со срце" од д-р Клод Стајнер
Ана, Лавиринт одамна ја прочитав И книгава ме обзеде целосно. Иако е пообемна, околу 640 страници, почнав вчера да ја читам, ама денес секако ќе ја завршам. Просто нема да можам да спијам ако не дознаам дали Ромео и Јулија ќе имаат барем еден среќен крај.
Неџма,патека на сетилата прв пат да зажалам за парите кои сум ги фрлила за книга ама од инает ќе ја прочитам,колку и да ми е досадна
^Јас се мислев дали да ја земам од библиотека, ама ми излегоа други поинтересни, па решив за следниот пат да ја оставам. И викаш тапа е,м? Па и Бадем не беше ништо нарочито, така што и за оваа немам некои очекувања, ама ќе ја прочитам, чисто од љубопитност.
Патека на сетилата е уште повулгарна од Бадем и не ми се допадна кој-знае колку.Приказната е многу глупа(една девојка ја бара жената која и ја `закрпила` вагината кога била мала ) и изобилува со еротика
Убава книга ја имам читано, но поголем впечаток ми остави ќерката на мојата најдобра пријатела исто од Дорти Кумсон топло ти ја препорачувам. Леле девојки колку ви завидувам што читате леле само да ми заврши сесијата веднаш си се враќам во библиотека
Бележникот на Микеланџело-Пол Кристофер трилер кој ќе ви го одземе здивот и ќе брзате да ја прочитате што побрзо..Ме остави без зборови...
Која случајност ! филмот почна на сител, преска случајно налетав на него и мајка ми искоментира е овој го гледав на ртл добар е, има и книга, прочитај ја Значи да ја додадам на список...