Јас денес ќе ја почнувам „Верзијата на Барни“ - Мордекај Ришлер Паралелно на таблет ја читам „Авантурите на Шерлок Холмс“ - Артур Конан Дојл, ама ќе ја прекинам за оваа зошто ми е поклон на роденден па ќе ѝ дам предност зошто книгите за Шерлок веќе на памет ги знам.
Додека напишам што читам, јас веќе ја прочитав. Мојот маж - Румена Бужаровска Ептен интересна збирка раскази кои се читаат во еден здив. Одамна не сум прочитала вакво интересно книжуле на македонски јазик.
моментално ја читам „Еленор и Парк“ Најпрекрасна еее утрово ја почнав и сега сум до 230 страна а и ма 360 ама стварно е убава во еден здив се чита
Полноќна палата- Карлос Руиз Зафон Втора од трилогијата на маглата, тинејџерски книги, хорор, мистерија, трилер. Не се поврзани меѓу себе, секоја книга посебна приказна. Првата, Принцот на Маглата е и негова прва напишана книга воопшто. Мене лично ми се допадна. Вторава сега почнав да ја читам, па ќе видиме.
Jас пред некој ден почнав да ја читам "Ефи Брист" од Теодор Фонтане, реалистичен роман. Ја земав од саем, уште сум на почеток сега за сега е ок. Дејствието е сместено во Германија во 19 век, еден барон за се оженува со многу помлада девојка од него, но многу одамна претендрал за раката на нејзината мајка и бил одбиен поради неговата ниска општестевена положба. Прочитав дека има трачична приказна, што е по мој вкус.