Пиши една критика. Баш ме занима книгата и впечатокот. Многу сум со тој писател неодредена, ем ми е досаден, ем ме привлекува Јас во моментов ја читам оваа. Ги порачав и другите две, на српски: И планините одекнаа, и Илјада чудесни сонца (така нешто беше насловот) Издание на ова што ја читам е на Матица и досега многу печатни грешки (и граматички има), да не ми се верува како толку грешки им се провлекле. Мене не ми смета, секако разбирам, ама не личи.
Мислам одбрав лош тајмин за Орхан Памук, кај со обврски, кај празници ќе фатат, баш дека е ем досаден, ем привлекува. Ако ја прочитам, а бавно ми оди засега, ќе напишам критика, ако не ќе ја оставам за на лето
Абра, ја купи или од библиотека ја зема? Сакам да ја купам, гледам има две изданија, а не знам кај да ја барам.
Ја купив како еBook од Блесок преку нет, зошто им беше продадена, а ја има во ИЛИ-ИЛИ како што ти посочи @jok Ако сакаш, можам да ти ја пратам какo eBook, не мора да ја купуваш.
Сакам за подарок да ја купам. Фала ти многу @Sky-butterfly Јас се откажав од читање книги издадени од Матица. Секоја книга има премногу недозволени грешки. Не знам дали некој ги лекторира, навистина е срамота што си дозволуваат такви пропусти. Инаку јас ја почнав денес Љубов за време на колера од Маркез.