Се‘ уште не сум почнала, но планирам наредниве денови да ја читам „Најголемиот трговец на светот“ од Ог Мандино.
Сега ја дочитав и од срце НЕ ви ја препорачувам. Кратко резиме : Спојлер Дечко доаѓа во Ск на факултет, има чудни размислувања, се заљубува во Ана ја набљудува, да анализира, и се доближува , и искажува љубов...она го одбива и она напиња , прави проблеми. Се однесува посесивно, сака да се тепа со дечко и , ипишува маратонски писма, пораки.. таман ќе мисли дека се отарасила од него, после две години он ќе и напише писмо и со пиштол ќе си пука во уста. Спојлер Очекував многу повеќе, нема длабока содржина, начинот на изразување на авторот е на средно жалосно ниво, на многу места не знаеш кој раскажува. Нараторот еднаш е психолог, еднаш е главен лик, за веднаш после да стане раскажувач на приказната, без посебен пасос, без одделување на мислите. Многу печатни грешки, многу субјективни размислувања на писателот, длабоко напнува во некои општествени и неповрзани со дејството теми. Тоа е мојот впечаток, но ако ја има некој книгава, нека ја прочита , баш би сакала да знам дали само јас вака ја доживеав книгата.