И јас исто како тебе, скептична сум, и затоа еве две недели така ми стои. Значи да почнувам да ја читам?
Книгата е премногу убава се работи за една девојка и еден дечко.Јас кога ја прочитав стварно ептен многу ми се допадна.Би ти ја препорачала да си ја прочиташ и да си ја купиш ако сакаш а иначе 300 ден е
1629та година. Млад англиски лаутист Питер Клер пристигнува на данскиот двор да се приклучи на кралскиот оркестар на кралот Кристијан IV. Од моментот кога гледа дека музичарите свират во леден подрум под кралевските одаи, Питер Клер сфаќа дека се нашол на место каде што светлоста и темнината, доброто и злото, водат битка за живот и смрт. Младиот Питер, кој кралот поради неговата убавина го нарекувал „Ангел“ се заљубува во младата придружница на кралевата сопруга Кирстен. Во фаталниот судир помељу должностата и страста, Питер Клер мора да пронајде начин да ги оствари своите сништа и да ја спаси сопствената душа.