Да го избегнеш божиќ - Џон Гришам Ја читам по втор пат, ми се допаѓа книгава брзо се чита исполнета е со интересни, хумуристични моменти. Барем слатко се изнасмеав ако не друго, би ја препорачала добра е за опуштање.
Денес ја почнав Случај Патоказ од Ијан Пирс Голема е книгава , и како што наближуваат обврски, се плашам дека ќе ја оставам...
^ Една од ретките книги што сум ја оставила недочитана. Веќе не ми ни текнува за што беше, ама знам дека ми беше ужасно глупава.
^ Мене па интересна ми беше, ја дочитав до крај и цела време ме држеше во неизвесност кој е убиецот. Иако е голема брзо се чита. Јас ја препорачувам
^Е многу се нервирам вака Сега па и не ми ни текнува за што беше, може не сум и дала шанса, па сум ја оставила. И ќе одам до библиотека и пак ќе ја земам, може сега поинаку ќе гледам на книгата
“Фактор бифши“ во последно време читам ваква чик литература, искрено многу ми е лесна за читање Нема длабока содржина па ми делува релаксирачки покрај сите обврски Нареден избор ќе ми биде нешто од Агата Кристи
^^фби може ли да ти препорачам од агата кристи пајакова мрежа и мистеријата на синиот воз,закон се едноставно ги прочитав во еден здив и ме оставија со покачен адреналин до самиот крај...
Е многу интересна книга! Не ја испуштив од раце додека читав,заразна е,цело време ме копкаше што ќе се случи а и многу ми беше интересен делот каде што се опишува како живеат луѓето во Иран.Ууууу бљак за нив
До пред некое време ги читав книгите на Неџма.... посебно Бадем ми се допадна иако и патеката на сетилата не беше лоша,исто ми се допаднаа книгите на Дитас,а сега почнувам да ги читам Кодот на Да Винчи.... Се немам преорентирано на некоја посебна литература едноставно читам она што ќе ми го препорачат или јас спред мене мислам дека е добро.....наредна книга во предвид ми е -Кутија во облик на срце,ми кажаа нешто со демони била поврзана
Играта на Ангелот-Карлоз Руиз Зафон...по втор пат ја читам и повторно длабоко ме импресионира.Значи му симнувам капа на човекот,никогаш не сум прочитала некоја книга што толку емотивно може да ме врзе за неа,со толку љубов е напишана што ми се чини дека ликовите оживуваат,дека тоа е моја приказна.Фантастично!
Одлично, меѓу омилените ми е . Има и филм според неа, ама не сум го гледала. А јас моментално ја читам ~Однесувај се како дама, размислувај како маж.