The secret од Ронда Бирн. Девојки книгата е фантастична, прекрасна толку многу мотивирачка и вистинита ви ја препорачувам на сите. Во еден здив се чита.Многу помага на мислите. Ептен е слична со Мокта на Потсвеста и двете се прекрасни психолошки книги.
Ѓаволот дојде по своето - Лаш Кеплер Сега за сега може само да кажам дека погрозоморен почеток, амин!
Се надевам нема да ти смета што јас ти одговарам. Е па, вака. Да не дебатирам, ќе ти пратам кратка содржина. А мое лично мислење за книгата е дека многу е предвидлив самиот тек на настаните и како за трилер воопшто не е возбудлив. Еве кратка содржина: http://kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=73067
Ништо посебно не е книгава, посебно крајот ми беше многу никаков писателов како немал идеја како да заврши. Оценка 2/5
Казна за гревот - молитва за прошка Уште неколку страни ми останаа, ама ја препорачувам на сите, предобра книга
„Овој живот од триесет и некоја“ - Џон Ренс Прекрасна хумористична книга. Препорака од мене за сите оние што сакаат да прочитаат нешто „полесно“
Lele sto bese ova? Ne ocekuvav vaka slabo, nema sansa da ja procitam. 1/5 toa edinicata samo za trudot, za mastiloto ili.... Za sto se secat drvata? Od koza me izvadi. Aj da ja probam ovaa kniga
Ајде кога ќе ја прочиташ пиши рецензија Да не бидам офф, јас читам "Љубов во време на колера" од Маркез, и ја читам веќе со месеци. Не е до книгата, многу ми е убава, ама толку можам да одвојам за книгата. Кога почнав да ја читам пред некој месец, па ја оставив, па заборавив што прочитав, па затоа сега ја почнав пак од почеток...