Мене оваа ми беше една од најдосадните книги кои сум ги земала во рака,уствари не ја ни дочитав Мислам воопшто не ми се допаѓа стилот на Аманда многу досадни книги има,барем според мене . Иначе јас ја зедов денес Загубената ќерка од Дајен Чемберлен,досега не сѕм читала од неа ама ова интересна ми се гледа па ќе видеме
чичко Горио Сите книги пишувани во реализам се исти на почетокот, гњавење со описи на се и сешто. Али го сакам Балзак, секогаш вадам добри мисли од неговите книги.
Денес ги зедов од библиотека па се надевам убави се Девојката со бисерна обетка и Дневникот на Принцезата
Моментално ја читам Гробницата на Херкул- Епска потрага кон најголемото богатство од Енди Мекдермот. Прво, преводот е ужасен(се гледа и од насловот, потрага кон...). Сам треба речениците да си ги склопиш, да си додадеш кај треба сврзници, предлози, прилози, букви... Книгава е како сценарио за филм. До најситни детали е опишано се- ја крена раката, замавна, го закачи во левата ноздра, благ млаз на крв полека почна да му се лизга низ образот, полека ја крена раката до образот... Може да замислите, па од каде инаку 700 страни Толку акцијашки се е опишано што дури потсетува на некој ниско буџетен филм, на моменти делува толку патетично што си помислувам Боже што ли читам... Ама ајде, не можам да ја оставам, го има оној елемент на глуп филм на кој едноставно мораш да му го дознаеш крајот...
100 Потези со четка пред спиење од Мелиса П. Филмчето е онака добро а книгата е мн мн добра ми остава добар впечаток сега за сега
Моментално читам „Сета љубов на светот“ од Марија Луис Фишер Се работи за Елен Кроне која е поротник во судењето за убиство на Анабела Милер која е отруена, а за тоа е обвинета Карола Грос. Во еден стар албум, Елен наоѓа фотографија од нејзинот сопруг, Петар, во друштво на убавата и заводлива Анабела. Одеднаш сваќа дека Петар знае повеќе за убиството, посебно кога тој признава дека Карола е погрешно обвинета...
Вештица - Венко Андоновски Мноооогу интересна, ми се допаѓа сега за сега, сигурно ќе ја читам уште еднаш.
Еве неколку од моите омилени наслови кои што сум ги прочитала: Мемоарите на една гејша. Парфем, Јади молисе и уживај, Оркански Височини, Вљубената жена..., а моментално ај читам Љубовта и другите демони од Габриел гарсија маркез.
Бев до библиотека и немаше нешто избор, па мораше да копам два саати по полиците(не дека мене ми пречи ) Само арно ќе беше да носеа нови книгички од време на време. -Фактор бивши почнав уште во автобус да ја читам, Андреа Семпл ми е прекрасна и секогаш успева до солзи да ме насмее. -После ја земав Песто...Паста... Оваа сакав уште минатиот пат да ја земам, ама излезе нешто поинтересно тогаш. -Молитвата на мојата мајка од Нафиса Хаџи. За книгава немам слушнато, ама така интересно ми делува, мислам дека тука не сум ја утнала. -Дневник на лагите од М.Џ Хајленд. И за оваа не сум слушнала, ама мислам дека е интересна, доколку некој ја читал може да пише некоја критика. -И класика Даниела Стил-Враќање дома